360 VIRTUAL
БАЛКАНСКА ПРИКАЗНА

Последните податоци покажуваат дека културното наследство од османлискиот период на Балканот е загрозено, а етничките и верските конфликти продолжуваат да претставуваат опасност за регионот.

„Балканската приказна“ се повикува токму на овие прашања: има цел да го стимулира јавниот дискурс за историјата на Балканот, да го промовира чувството на заедничка историја врз основа на верски и етнички соживот и да придонесе за промоција и зачувување на културното наследство.

Всушност, се работи за мултимедиумски проект базиран на изложба на 50 специјално нарачани фотографии од муслимански, од христијански и од еврејски споменици на Балканот, снимени од петмина наградувани фотографи од Атина, Белград, Призрен, Скопје и Тирана.

Фотографиите се надополнети со текст напишан од тим од историчари од целиот регион, со документарен филм, со едукативни програми, со историски прошетки и со фотонатпревари наменети за деца од училишна возраст и за возрасни.

Изложбата е, исто така, придружена и со звучни ефекти, со инсталација на ориентални мириси од османлискиот период, како и со каталог во боја, достапен на англиски јазик.

Посетителите можат со QR-кодови да ги конектираат своите смартфон-уреди на веб-страницата за да пристапат кон дополнителни информации и фотографии.

Во врска со отворањето на изложбите низ Балканот и низ Европа, ве молиме погледнете го календарот.

„Балканска приказна“ е проект на Гете-институтот (Goethe-Institut), реализиран со финансиска помош од Европската унија. „Анемон“ ја надгледуваше реализацијата на проектот, во партнерство со повеќе од десет невладини и владини организации, во соработка со тим од историчари предводени од професорката Христина Кулури.

Овој проект е реализиран со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб страна е исклучива одговорност на Гете-Институт и во никој случај не може да се смета дека ја изразува позицијата на ЕУ.