ПРОЕКТ
ЗА НАС
БИОГРАФИИ
ФИЛМ
ЗВУЦИ/МИРИСИ
ГАЛЕРИЈА
360 VIRTUAL
ИСТОРИЧАРИ

УРЕДНИК: 

Проф. д-р ХРИСТИНА КУЛУРИ
Професор по модерна и современа историја на Универзитетот за социјални и политички науки „Пантеион“ (Атина, Грција).
Таа е претседател на образовно-историската комисија на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа (Center for Democracy and Reconciliation in Southeast Europe).

Студирала на Универзитетот во Атина, на Катедрата за напредни студии во општествените науки (École des Hautes Études en Sciences Sociales) и на Универзитетот „Париз 1 – Пантеон-Сорбона“ (Paris 1 – Panthéon – Sorbonne), каде што и се здобила со титулата доктор на науки во 1990 г.
Во 1994 г. ја добила наградата „Николас Своронос“ за историски истражувања и објавени дела. Била член на комисии за одобрување учебници по историја во грчките средни училишта, како и член на проектната група на Советот на Европа за „Учење и предавање на историјата на Европа од 20 век“ (1996-2000 г.). Во 2010 г. била виш научен соработник во „Мешаната единица за истражување ИРИЦЕ“ (IRICE – Identités, Relations Internationales et Civilisations de l’Europe) – Национален центар за научни истражувања (CNRS – Centre National de Recherche Scientifique) и на Универзитетот „Париз 1 – Пантеон-Сорбона“.
Автор е на неколку книги и статии за наставата по историја, историја на историографијата, учебници, национален идентитет и историја на спортот. Таа е, исто така, и уредник на четири работни тетратки (алтернативни едукативни материјали) за наставата по модерна и современа историја во Југоисточна Европа.


СОВЕТНИК ПО ИСТОРИЈА:

- Проф. д-р ТУЛАЈ АРТАН, Универзитет „Сабанчи“, Истанбул

ИСТОРИЧАРИ: 

- Проф. д-р ХАЛИЛ БЕРКТАЈ, Универзитет „Сабанчи“, Истанбул
- Д-р ФРАШЕР ДЕМАЈ, Институт за историја, Приштина
- Проф. д-р ФЕРИТ ДУКА, претседател на Катедрата за средновековни и османлиски студии при Институтот за историја, Тирана
- Д-р ЕЛИЈАС КОЛОВОС, Катедра за историја и археологија, Критски универзитет, Ретимно
- Проф. д-р ИРЕНА СТЕФОСКА, Институт за национална историја, Одделение за античка и средновековна историја, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
- Д-р РАДИНА ВУЧЕТИЌ, Катедра за историја, Филозофски факултет, Универзитет во Белград