ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ

Едукативните програми на проектот се обидуваат да ги инспирираат учениците на возраст од 7 до 18 години повеќе да се заинтересираат за историјата на Балканот и да го подобрат нивното знаење од областа на историјата, фотографијата, архитектурата, културното наследство, филмот и фотографските архиви.

Документите што можат да се преземаат им помагаат на наставниците да внесат живост во предавањата во училница преку избрани активности, при подготвување на нивното училиште за посета на изложбата или при охрабрување на учениците поединечно да ги истражуваат овие извори.

Партнерите на проектот ги организираат едукативните активности на самото место.

Атина, Музеј на грчката популарна уметност (МГПУ): МГПУ нуди училишни посети со и без водич во „Бањата на ветровите“ (Bath House of the Winds) во Плака.

За информации за организирани училишни посети можете да се обратите во: ЦеПроСАРД на тел.: +389 2 3061 391, e-mail:dejan.filiposki@ceprosard.org.mk, или Одделение за едукација при Музејот на Македонија, Стара скопска чаршија, тел.: +389 2 3116044, e-mail: musmk@mt.net.mk
Информациите за други места ќе бидат постирани наскоро.